пред скоро 2 години направивме една лимонада со краставица и ѓумбир, наречена “бесна лимонада” од наши читатели кои ја пробале, која не можевме ни да претпоставиме дека ќе стане нашиот најпопуларен објавен рецепт. ладниот чај, кој ви го претставуваме денеска е сериозна конкуренција на лимонадата, неверојатно освежителен и со интересен киселко-сладок-лут вкус од лимонот и сирупите од калинка и ѓумбир.

zelen caj-19

scroll down for the recipe in english

zelen caj-29

сирупот од калинка е купечки, а сирупот од ѓумбир го направив, сличен на сирупот што го направив преклани, само овој пат не го варев, туку го оставив да отстои до следниот ден. и готовиот чај е добро да отстои еден ден, ама сето тоа чекање се исплати кога ќе го пробате ладниот чај и ќе се освежите.

рецептот е од овде.

zelen caj-8

3 кесички зелен чај (или 4 g ливчиња зелен чај)

сок од 1 лимон (околу ¼ шоља)

2 лажици сируп од калинка

⅓ шоља сируп од ѓумбир

4 шољи вода

zelen caj-27

ставете ги кесичките чај во 1 ½ шоља вода загреана на околу 80°C и оставете ги да отстојат 5 – 7 минути. исцедете ги кесичките, а чајот помешајте го со останатите состојки и ставете го во фрижидер до следниот ден.

послужете го со многу лед, тркалца лимон и ливчиња нане.

zelen caj-12

за сирупот од ѓумбир:

250 g свеж ѓумбир

3 шољи шеќер (јас ставив 1 шоља жолт нерафиниран шеќер од шеќерна трска и 2 шољи бел шеќер)

2 шољи вода

zelen caj-25

без да го лупите, исечето го ѓумбирот на парчиња од околу 2 cm и сомелете го во сецко.

ставете ги шеќерот и водата во тенџере на шпорет. кога ќе зоврие, намалете ја температурата и мешајте додека целиот шеќер не се стопи. додајте го ѓумбирот, поклопете го тенџерето и оставете го да се олади на исклучена рингла. потоа ставете го во фрижидер преку ноќ.

следниот ден убаво процедете го сирупот низ ситна цедалка и чувајте го во фрижидер. може да стои и месец-два.

парченцата ѓумбир може да ги исушите и да ги користите како додаток во некое колаче, гранола или крамбл.

zelen caj-13

almost 2 years ago we made a lemonade with cucumber and ginger which was a big hit. it became our most visited recipe on the blog. now, we have an iced tea that is a serious competition to the lemonade. it’s very refreshing, sweet, tangy and spicy from the lemon, pomegranate and ginger syrups.

i bought the pomegranate syrup, although you can make it at home. i have made ginger syrup before, but this time i made it without cooking the ginger and i left it steeping overnight. the prepared tea needs to stand in the fridge overnight too, so it’s best to make it in advance, but all that waiting pays off when you take the first sip.

recipe adapted from here.

zelen caj-24

3 bags green tea (or 4 g green tea leaves)

juice from 1 lemon (about ¼ cup)

2 tablespoons pomegranate syrup

⅓ cup ginger syrup

4 cups water

zelen caj-15

place the tea bags in 1 ½ cups of water heated to about 170°F (80°C) and steep the tea for 5 – 7 minutes. strain the tea, stir in the other ingredients and put in the fridge overnight.

serve over ice with a lemon slice and fresh mint leaves.

zelen caj-22

for the ginger syrup:

250 g fresh ginger root, skin on

3 cups sugar (i used 1 cup unrefined cane sugar and 2 cups white sugar)

2 cups water

zelen caj-18

cut the ginger into 2 cm pieces and grate in a food processor.

heat the sugar and water in a saucepan. bring to a boil, than lower the heat and simmer until the sugar has dissolved. stir in the ginger and let the pot cool on the stove, then put it in the fridge to steep overnight.

the next day, strain the syrup through a fine mesh sieve and refrigerate. this syrup will keep for several weeks at least, as long as it is refrigerated.

the ginger bits can be dried and used in a cookies, granola or cramble.

zelen caj-20

 

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Мафини со цреши / Cherry muffins
next post: Интегрален ориз со зеленчук и сирење халуми / Brown rice with vegetables and haloumi cheese

7 Comments

  1. Anica

    Definitivno, moite favoriti od pijalocite za ova leto! Znaci,Limonadata od krastavica so gjumbir i ladniot zelen caj so djumbir. I jas, kako i vie, sum edinstvena doma sto go saka vkusot na gjumbirot, no eve sansa da gi naviknam domasnite na nego so ovie vkusni napitoci.

  2. даааааа, пијалоциве особено се добредојдени деновиве. полека, полека, ќе се навикнат и вашите дома.

Trackbacks for this post

  1. Лимонада со краставица и ѓумбир / Sassy water | sitnoseckano
  2. Колачи со ѓумбир / Ginger cookies - Sitno Seckano
  3. Мирислив чоколаден куглоф со тиква / Spicy chocolate pumpkin bundt cake - Sitno Seckano
  4. Крцкава пита со јаболка / Crispy filo apple pie - Sitno Seckano
  5. Чоколадирани урми / Chocolate covered dates - Sitno Seckano

Leave a Reply