многу се радуваме кога нашите читатели придонесуваат во создавањето на нашиот блог. искра имаше одлична идеја да се направи новогодишно пакетче со домашно подготвени работи. опциите се многу, ние направивме колачи со стакленце, ушеќерени кори од портокал и домашна мешавина за топло чоколадо, а можете да направите нешто и од нашите постари постови. јас на пакетчево би му додала едно тегличе домашна гарам масала, тегла домашно крцкаво мусли или домашен еурокрем и чипс од јаболки.
изматете ги путерот и шеќерот, додадете го јајцето, па потоа и другите состојки, освен бомбоните, и ставете го тестото во фрижидер на 45 минути. потоа исукајте го на побрашнета површина на дебелина од 3-4 mm и исечете форми. префрлете ги со рамна лажица во плех обложен со хартија за печење, направете им дупче во средината во некоја форма и пополнете го со парчиња бомбони во една боја, во еден слој. остатокот од тестото повторно исукајте го и исечете уште колачи. и тестото од дупчињата можете да го искористите за уште колачи, или како мене, да го испечете како мали колаченца.
next post: Ушеќерени кори од портокал / Candied orange peel
Trackbacks for this post