знам дека за повеќето рецепти викам дека лесно се прават. тоа е една од работите што ми е мене важна, сакам да правам лесни рецепти, ретко се нафаќам на нешто комплицирано. а понекогаш не толку лесниот рецепт го менувам да биде лесен.
е за овие крекери можам да кажам дека лесно се прават, ама и тешко. треба малку напор и сила да се измеша тестото, а и да се исечат тенки, прави и рамномерни крекерчиња. инаку нема ништо комплицирано. излегуваат многу, и траат, па ќе имате за со кафе, чај, сладолед или сирење.
2 шољи интегрално брашно
½ лажиче сода бикарбона
½ лажиче прашок за пециво
1 кесичка ванилин шеќер
1 шоља семки и јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници, семки од тиква, сончоглед, сусам, ленено семе…)
2 шољи суви овошја (урми, сливи, кајсии, грозје, брусници…)
3 или 4 јајца
2 лажици мед
помешајте ги сувите состојки, додајте ги јаткастите плодови, семките и сувото овошје, исецкано на парчиња со приближно иста големина, и промешајте со лажица. додајте 3 јајца и медот и мешајте убаво. тешко оди и треба да биде густо и суво, ама ако е премногу суво и има брашно кое останува и не може да се измеша, додајте го четвртото јајце.
подгответе тавче со димензии отприлика 9x22x8 cm, премачкајте го со путер и ставете хартија за печење на дното. ставете ја смесата во тавчето, израмнете ја површината и ставете ја да се пече во рерна загреана на 175°C околу 40 – 45 минути.
кога колачот ќе биде готов, оставете го целосно да се олади, па ставете го во замрзнувач на 1 час, за полесно да се сече на тенки кришки. исечете колку што можете потенки кришки, јас успеав да ги исечам на дебелина од 2-4 mm. наредете ги во големо тавче врз хартија за печење, без да се преклопуваат, и печете ги во рерна загреана на 150°C, околу 10 минути. внимавајте да не загорат.
next post: Солен овесен појадок / Savory oat breakfast
Trackbacks for this post