Spicy eggs and quinoa bake | Sitno seckano

сé помалку време имам да му се посветам на блогов. гледам барем сепак некои вакви рецепти да ги запишам, затоа што вреди да се имаат при рака. здраво јадење, вкусно, лесно и брзо за правење, а различно и интересно.

Spicy eggs and quinoa bake | Sitno seckano

1 шоља киноа, 200г
2 шољи вода (течноста од барење брокули)
1 кромид, исецкан
1 младо лукче, исецкано
1 шоља пченка (замрзната)
сол, бибер
1 шоља салца или домашен кечап

1 лажица гочуџанг (корејски сос од лути пиперки)
1 шоља рендан кашкавал
3 јајца

Spicy eggs and quinoa bake | Sitno seckano

како да ја сварите киноата, пренесено од овој рецепт за колачи со киноа:

“киноата се вари во вода во однос 1:2. од 1 шоља несварена киноа, се добиваат околу 3 шољи сварена. многу е важно прво да ја измиете убаво за да се отстрани горчливиот вкус. ставете ја во голема цедалка и мешајте ја со рака под млаз ладна вода.

ставете ја киноата да се вари во тенџере со вода (на една шоља киноа – 2 шољи вода), а кога ќе зоврие, намалете ја температурата на најниско, покријте го тенџерето со капак и оставете го да се готви 15 минути. потоа тргнете го тенџерето од шпорет, оставете го да стои покриено 5 минути, па измешајте ја киноата со вилушка да се раздвојат грутките и толку, можете да ја послужите.”

Spicy eggs and quinoa bake | Sitno seckano

во тавче кое може да се стави во рерна, на малку загреано масло, ставете ги да се пржат кратко кромидот и лукчето. додајте ја замрзнатата пченка, промешајте, па ставете ја сварената киноа, сол и бибер, доматна салца или домашен кечап и лутиот гочуџанг. измешајте сé убаво и посипете со рендан кашкавал. потоа направете три вдлабнатини во киноата и во нив искршете ги јајцата.

ставете го тавчето во рерна загреана на 175°C и печете ја киноата околу 20 минути, или додека јајцата (или барем белките) не се зготвени.

ние ја јадевме киноата со печено цвекло и сирење.

Spicy eggs and quinoa bake | Sitno seckano

 

 

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Чоколаден куглоф со капини / Blackberry chocolate bundt cake
next post: Интегрално колаче со банани / Whole wheat banana cake

Leave a Reply