направив ликер. од кафе. тука има умешани и други работи, не е само кафето, ама ликерчето е баш супер. може да се пие, а може да се става и во колачи (или во сладолед).

scroll down for the recipes in english

пробав да направам и ликер од ореви, ама не излезе добар, не знам зошто, можеби дека користев вотка. другпат ќе пробам со ракија.

ликер од кафе

рецепт од тука.

150 gr кафеав шеќер

1 стапче цимет

1 ѕвездест анис

6 каранфилчиња

40 зрна кафе

500 ml ракија

ставете ги сите работи во чисто шише и затворете го.

оставете го шишето на собна температура 1-2 недели. јас го оставив да стои 2 недели и на неколку дена малку го мучкав. потоа процедете го ликерот и готов е за пиење.

колачи со ликер од кафе

рецепт од тука.

тесто (за околу 32 колачи)

100 gr путер, на собна температура

100 gr павлака

170 gr брашно (сенаменско + р’жано)

1 лажица шеќер во прав

фил

65 gr бадеми

1 лажица ликер од кафе

3 лажици џем од сливи (или кајсии или некој друг)

изматете ги путерот и павлаката, додајте ги брашното и шеќерот и измешајте сé да добиете меко тесто. оформете го како топка, завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер 1 час.

исецкајте ги бадемите со голем нож или во сецко. помешајте ги џемот од сливи и ликерот од кафе.

исукајте го тестото тенко, во правоаголник со димензии од отприлика 20 x 40 cm. лесно се сука помеѓу две парчиња проѕирна фолија. намачкајте го тестото со џемот и посипете ги сецканите бадеми.

замотајте го тестото во ролат, почнувајќи од подолгата страна. покријте го со фолија и ставете го во фрижидер на уште 1 час.

загрејте ја рерната на 180°C. исечете го ролатот на колачи дебели околу 8 mm, наредете ги во тавче обложено со хартија за печење и ставете ги да се печат околу 10-15 минути.

i made coffee liqueur. it’s filled with other flavours, too, and it’s quite good. it’s nice to sip from a little glass, but it’s nice if you put it in cookies, too. or in icecream.

i also tried to make walnut liqueur, but it’s no good. don’t know why, maybe it’s the votka. i’ll try next year again, with rakija.

coffee liqueur

150 gr brown sugar

1 cinnamon stick

1 star anise

6 cloves

40 coffee beans

500 ml rakija

put everything in a clean bottle and close it.

let the liqueur infuse at room temperature for 1-2 weeks. i let mine infuse for two weeks and i shaked the bottle every 2-3 days. as soon as the sugar has dissolved and the spices/coffee beans have sunk to the bottom, the liqueur is done. pour it through a fine-mesh sieve and discard the spices. keeps well for several weeks.

cookies with coffee liqueur

for the dough

100 g butter, softened

100 g sour cream, softened

170 g of flour

1 tablespoon powdered sugar

for the filling

65 g almonds

1 tablespoons coffee liqueur

3 tablespoons plum jam (or apricot jam, or some other)

mix the softened butter and sour cream until creamy frothy. add the flour and sugar, mix until you get a soft dough ball. wrap in plastic wrap and place in refrigerator for an hour.

chop the almonds with a knife or in a food processor. mix the jam with the coffee liqueur.

roll out the dough to a rectangle about 20 x 40 cm. spread with jam, distribute uniformly the almonds.

roll up the dough starting from the longest side. cover with plastic wrap and put it back in the fridge for another hour.

heat the oven to 180°C. cut the roll into slices about 8 mm thick and place them on a baking tray lined with baking paper. bake for 10-15 minutes.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Полнети листови блитва / Swiss chard wraps
next post: Пиперки со урда / Ricotta filled peppers

13 Comments

  1. Ликер и кафе = Совршенство! 🙂
    Copy/Paste и за оваа рецепта…Фала ви!! За некој ден ќе го направам и слаткото од сливи.

  2. Ива

    Јас знам рецепта за ликер од кафе, со црвено вино и се прави за 24 часа! 🙂

    1 литар црвено вино
    3-4 чашки ракија
    300 грама шеќер
    1 ванилин шеќер
    каранфилче, околу 10 зрна и
    30 зрна кафе

    се остава на ладно и темно (во фрижидер најубаво) и се промешува повремено додека да се растопи шеќерот!
    по 24 часа се процедува од зрната кафе и каранфилче и се пие како оладен пијалок!

  3. супер е рецептов, ива, особено дека се прави за еден ден. и дека има винце 🙂

  4. новица

    а каде може да се купи анис и цимет стапче во скопје?

  5. Новица, стапчиња цимет има по големите маркети во Скопје, ама за ѕвездест анис, не знам. ако не најдеш, едноставно изостави го или замени го со зрна анасон.

  6. Ира

    Звездест Анис – на кило во Солун на пазар 🙂

  7. фала, ира, добро е да се знае 🙂

Trackbacks for this post

  1. Блог избор [Август, 2012] | Кригла Пиво
  2. Чоколаден сладолед / Chocolate ice cream | sitnoseckano
  3. Новогодишни подароци / Christmas gifts | sitnoseckano
  4. Бомбици од урми и какао / Date cocoa truffles | sitnoseckano
  5. Сладолед од кафе / Coffee ice cream | sitnoseckano
  6. Банана мафини со кафе / Banana coffee muffins | sitnoseckano

Leave a Reply