крекери со палента
одлични се за послужување гости или за грицкање додека гледате филм, со хумус или гвакамоле или со сос од грав. (наскоро очекувајте и рецепт за хумус).
рецептот за крекерите е од тука.
ставете го првото тесто да се пече во загреаната рерна 10 минути, па извадете го, превртете го и печете го уште 4 минути, или додека не е убаво заруменето. краевите се заруменуваат многу побрзо од средината, па и изгледаат подгорено, ама право да ви кажам, крекерите од тој дел не само што се највкусни, туку и по една недела останаа крцкави. оние од средината после неколку дена станаа малку тврди.
оставете го испеченото тесто сосем да се олади пред да го искршите на крекери.
повторете го сето тоа и со другиот дел од тестото. чувајте ги крекерите во тегли или кутии кои убаво се затвараат.
cornmeal crackers
great for serving with guacamole or white bean dip or hummus (we’ll have a hummus recipe soon).
the recipe for these crackers is from here.
1 1/2 cups all purpose flour
in a bowl, mix the flours, cornmeal, fine sea salt and red pepper flakes. add the water and oil and mix thoroughly with an electric mixer with the paddle attachment, but just until the dough comes together.
(you can leave the dough in the fridge overnight, just leave it at room temperature 10 minutes before rolling).
repeat with the other piece of dough.
cool completely before breaking the sheets into irregular shaped crackers. store in an airtight container.
втората идеја за домашно зготвен подарок е марокански лимони во тегла. кората од овие лимони се користи во многу марокански салати и манџи, а негде прочитав дека и средишниот дел добро доаѓа во коктели со вотка.
подготвувањето е брзо и лесно, само треба добро да се испланира.
рецептот е од готвачот “step-by-step moroccan cooking”.
и за овој рецепт ви треба крупна морска сол.
ви требаат неколку лимони со тенка кора кои ќе ги измиете и ќе ги ставите да стојат во вода 3-5 дена. менувајте им ја водата секојдневно.
ви требаат и стерилизирани тегли. измијте ги теглите убаво, па ставете ги во големо тенџере со вода. зовријте ја водата и оставете ги теглите во неа додека врие 10тина минути за да се стерилизираат.
извадете ги лимоните од водата. засечете ги 6 mm под дршката до 6 mm од врвот. направете 4 такви засеци, а потоа провлечете го ножот целосно од еден засек до спротивниот за да ги исечете во средината, како да сте ги исекле на 4тинки кои се држат на двата краја.
ставете по 1/4 лажичка крупна морска сол во средината на секој лимон.
наредете ги лимоните во стерилизираната тегла и посипете ги со 1 лажица крупна морска сол. сипете прво исцеден сок од еден лимон, па наполнете ја теглата со зовриена вода. лимоните треба целосно да бидат покриени со течност.
затворете ја теглата убаво и оставете ја да стои 3 недели пред да ги користите лимоните.
пред употреба лимоните треба да се измијат.
another homecooked gift that you can make are these moroccan preserved lemons. the peel of these lemons is delicious in many moroccan dishes and salads. and i heard that the pulp goes well in vodka cocktails.
moroccan preserved lemons
the recipe is from the cookbook “step-by-step moroccan cooking”.
you’ll need coarse salt.
you’ll need thin-skinned lemons, that you’ll wash well and soak in water for 3-5 days, changing water daily.
you’ll need sterilised preserving jars. after washing, immerse the jars in water in a large pan and boil for 10 minutes to sterilise.
drain lemons. with a sharp knife, make 4 incisions lengthwise leaving 6 mm at each end uncut. then cut through incisions so that lemons are cut completely through both sides, but are still held together at both ends.
insert 1/4 teaspoon coarse salt into centre of each lemon.
arrange lemons in sterilised preserving jar and sprinkle with 1 tablespoon coarse salt. add juice of one lemon and pour in enough boiling water to cover lemons.
leave to stand for 3 weeks before using.
to use, rinse lemons well under running water.
next post: Новогодишни подароци (2 дел) / Christmas gifts (Part 2)
Trackbacks for this post