после питата со тиквици воопшто не ми е чудно кога ќе видам тиквици во благ рецепт. ова чоколадно колаче со тиквици е феноменално, ептен чоколадно, а сочно од тиквиците.
scroll down for the recipe in english
рецептот е прилагоден од тука.
1 шоља јогурт
⅓ шоља сончогледово масло
1 ¾ шоља шеќер (во тоа е и 1 кесичка ванилин шеќер)
2 јајца
2 шољи брашно
½ шоља какао во прав
½ лажиче прашок за пециво
1 лажиче сода бикарбона
½ лажиче мелен цимет
2 шољи рендана тиквица, неизлупена
100 г темно чоколадо, исецкано на ситни коцки
2 лажици кафеав шеќер
изматете ги убаво со миксер јогуртот, маслото, шеќерот и јајцата. додајте ги брашното, какаото, прашокот за пециво, содата и циметот и повторо убаво изматете. додајте ги ренданите тиквици и промешајте со лажица.
истурете ја смесата во големо тавче (22 x 33 cm), намачкано со путер. израмнете ја површината и посипете ја со чоколатцата и со кафеавиот шеќер.
печете го колачето во рерна загреана на 175°C, околу 35 – 40 минути. не е лошо и порано од тоа да проверите со чепкалка, затоа што секоја рерна е различна. колачето е готово ако чепкалката излезе со влажни ронки, не треба да се препече.
обидете се да почекате да се олади пред да го исечете.
after the addictive zucchini pie i love trying new sweets with zucchini. this chocolate zucchini cake is delicious, very light, chocolaty and moist from the zucchini.
recipe adapted from here.
1 cup yogurt
⅓ cup sunflower oil
1 ¾ cup sugar (including 1 sachet vanilla sugar)
2 eggs
2 cups all-purpose flour
½ cup cocoa powder
½ teaspoon baking powder
1 teaspoon baking soda
½ teaspoon ground cinnamon
2 cups shredded zucchini
100 g dark chocolate, chopped
2 tablespoons brown sugar
mix the yogurt, oil, sugar and eggs with an electric mixer. add the flour, cocoa powder, baking powder, baking soda and cinnamon and mix well. add the shredded zucchini and stir with a spoon.
spread the batter in a buttered pan (22 x 33 cm). smooth out the surface and sprinkle with the chocolate chips and brown sugar.
bake in an oven preheated to 175°C, around 35 – 40 minutes, until a toothpick inserted in the center comes out with moist crumbs.
try to wait until the cake cools before serving.
next post: Шпагети со печени патлиџани / Pasta with roasted tomatoes
Trackbacks for this post