Nut butter filled, chocolate covered dates | Sitno seckano

Одамна ме нема на блогов и сум заборавила како се пишува рецепт, ама не сакав да пропуштам да објавам нешто во рубриката “домашно зготвени подароци”.

Nut butter filled, chocolate covered dates | Sitno seckano

Овие чоколадирани урми се нешто што многу лесно и брзо се прави, а е импресивно. Јас ги наполнив со путери од јатки, иако имав еден куп идеи за разни филови. Можев да додадам вода од цвет од портокал или сируп од ѓумбир, цели бадеми, крем од кокос или таан со мед… дури и плаво сирење. можностите се бесконечни. Сепак вака беше најбрзо, со готови путери од лешници и кикирики, комбинација која често ја јадам. Кога сакам нешто малку благо, земам една урма со лажиче путер од лешници и коцка темно чоколадо… многу е вкусно.

Nut butter filled, chocolate covered dates | Sitno seckano

Нема ни некој строг рецепт тука, само извадете ги семките од меки урми и наполнете ги со малку путер од лешници или кикирики. потоа стопете темно чоколадо и потопете ја секоја урма во чоколадото. јас стопив 200g темно чоколадо за 20 урми и малку ми остана. наредете ги врз хартија за печење и ставете ги во фрижидер да се стврднат (на чинија без хартија ќе се залепат).

Nut butter filled, chocolate covered dates | Sitno seckano

еве уште неколку интересни идеи за подароци кои можете сами да ги подготвите:

чоколадна гранола

овошно-јаткаста гранола

овошни крекери

мешавина за топло чоколадо; чоколадни бискоти

сируп од ѓумбир

желе од вино

крем од мандарини

топло чоколадо на стапче; дуњи во сируп; египетска дука

вегански бискоти со аквафаба

чоколадна салама

крекери од семки

‘ржано-пченкарни крекери

чоколатце со суви кајсии и ф’стаци; карамелизирани ореви

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Веге-бургери од леќа и сладок компир / Lentil sweet potato veggie burgers
next post: Пилешка кари салата / Chicken curry salad

2 Comments

  1. Мартина

    Јас ги полнам со ореви и ги боцкам на чечкалица за полесно да ги мацкам во чоколадото 😀

Leave a Reply