Moist chocolate banana muffins | Sitno seckano

во една недела два пати ги направив овие мафини, не само затоа што имавме многу ептен зрели банани. првата тура отиде за два дена, а излегуваат 16. мафиниве се најмеки што можат да бидат, сочни, чоколадни, и со нив се трошат оние презреани банани кои не се баш веќе вкусни за јадење.

Moist chocolate banana muffins | Sitno seckano

scroll down for the recipe in english

рецептот е многу сличен на овие мафини со банана и кафе, ова е само интензивно чоколадна варијанта.

излегуваат 16 мафини.

3 големи меки банани

¾ шоља шеќер

⅓ шоља сончогледово масло

¼ шоља кефир (или јогурт)

1 јајце

1 ½ шољи брашно

¼ шоља какао

1 кесичка ванилин шеќер

1 ½ лажиче прашок за пециво

црно чоколадо, по една коцка за секој мафин

по ½ лажиче светло кафеав шеќер за посипување на секој мафин

во вангла, смачкајте ги бананите со вилушка. додајте ги сите други состојки, освен чоколадото и шеќерот за посипување и изматете го тестото со миксер или рачно, додека сé убаво не се спои.

распоредете го тестото во тавчето за мафини, премачкано со путер или обложено со хартија. јас имам некои хартиени чашки кои многу се лепат, па ги премачкувам со масло пред да ги наполнам.

ставете по една коцка темно чоколадо во средината на секој мафин и посипете ги со кафеав шеќер.

печете ги мафините во рерна загреана на 180°C, околу 20 – 25 минути (проверете со чепкалка).

Moist chocolate banana muffins | Sitno seckano

i made these muffins twice in one week, not just because we had a lot of overripe bananas. the first round was gone in two days, even though there were 16 muffins. these muffins are as soft and moist as they can be, so chocolaty, and so good for using up those overripe bananas.

Moist chocolate banana muffins | Sitno seckano

the recipe is so much alike these coffee banana muffins, this is just an intensely chocolate version.

recipe yields 16 muffins.

3 big ripe bananas

¾ cup sugar

⅓ cup sunflower oil

¼ cup kefir (or yogurt)

1 egg

1 ½ cups all-purpose flour

¼ cup cocoa powder

1 sachet vanilla sugar (1 tablespoon)

1 ½ teaspoons baking powder

dark chocolate, one piece for every muffin

½ teaspoon light brown sugar per muffin, for sprinkling

mash the bananas in a bowl. add the other ingredients, except the chocolate and brown sugar for sprinkling, and whisk well using an electric mixer or a hand whisk, until everything is well incorporated.

butter the muffin cups or line with paper liners. i have these paper liners that really stick to the batter, so i brush them with oil before i fill them with batter.

divide the batter among the muffin cups, dip a piece of chocolate in the center of every muffin and sprinkle with brown sugar. bake the muffins in an oven preheated at 180°C, around 20 – 25 minutes (check with a toothpick).

Moist chocolate banana muffins | Sitno seckano

.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Брза погача со сирење / Cheese pogacha
next post: Шарен колач / Marble cake

Leave a Reply