Денес е роденден на блогот, полни 14 години, и иако ретко се појавувам тука, мислам дека е добра идеја да го напишам рецептот за овие вкусни чоколадни колачи.
Често варам наут и потоа ја имам течноста аквафаба, која е одлична во колачи, бидејќи може да се измати исто како белка од јајце. Со аквафабата најчесто ги правам овие колачи или палачинки, а и за нив ќе го напишам рецептот некој ден.
Повеќе за аквафабата, и уште еден превкусен рецепт со неа можете да прочитате овде.
За овие колачи употребив мелени лешници наместо брашно. Понекогаш ги правам со мелени бадеми или мешавина од јаткасти плодови и сончоглед, а можат да се направат и на друг начин и повторно се многу вкусни (втората варијанта ќе ја пишам подолу).
100ml aквафаба
100g темно чоколадо со 72% какао
80g шеќер
80g таан
100g мелени лешници или бадеми
40g какао
1/2 лажиче сода бикарбона
Стопете го полека чоколадото заедно со шеќерот и таанот во микро или врз тенџере со вода што врие. Оставете ја смесата малку да се олади додека да ја изматите аквафабата со миксер до мек снег. Додајте ги во аквафабата мелените лешниции, какаото, сода бикарбоната и чоколадото и промешајте со шпатула полека. Смесата треба да биде густа. Ставајте со лажица големи топчиња на хартија за печење, излегуваат околу 12. Печете ги колачите на 175°C околу 12-14 минути. Треба да се сѐ уште меки кога ќе ги извадите, кога ќе се оладат ќе се стврднат.
Понекогаш аквафабата е поретка и не се мати баш лесно, или може да спласне откако ќе се додадат другите состојки, па ако е тестото потечно, додавам лажица-две овесни снегулки. Колачиве секогаш излегуваат супер. Дури и со помалку аквафаба и без бадеми:
75ml aквафаба
100g темно чоколадо со 72% какао
75g шеќер
75g таан
50g пченкарно брашно
15g какао
1 лажица овесни снегулки
пола лажиче сода бикарбона
Постапката е иста. Ако сакате посуви, печете ги 14-15 мин., за помеки 12 минути.
Today is the 14th birthday of the blog, I thought it would be nice if I write the recipe for these chocolate cookies that i often make with aquafaba.
I cook chickpeas quite often, so I have the cooking liquid called aquafaba. I usually use it for these chocolate cookies or for pancakes.
You can read more about aquafaba in the post about the vegan biscotti.
The cookies on the photos are made with ground hazelnuts and have no flour. The recipe is so forgiving, I have made them with ground almonds or with a mixture of nuts and sunflower seeds and they turn out delicious every time. I have also made them without nuts and they have been a success again (you’ll find that recipe below).
100ml aquafaba
100g dark chocolate with 72% cocoa
80g sugar
80g tahini
100g ground hazelnuts or almonds
40g cocoa powder
1/2 teaspoon bicarbonate of soda
Melt the chocolate with the sugar and tahini in the microwave or in a double boiler. Leave aside to cool while you whisk the aqufaba with an electical mixer until soft peaks form. To the aquafaba add the ground hazelnuts, cocoa, bicarbonate of soda and the chocolate. Stir softly with a spatula. The mixture should be thick. With a spoon, put big dolops of the mixture on a parchment lined pan, I usually get around 12. Bake for 12-14 minutes in an oven preheated to 175°C. The cookies will be still soft when you take them out of the oven, they will harden when cooled.
Sometimes my aquafaba is watery and it can’t reach soft peaks when whisked, or it will fall when I add the other ingredients, so if I end up with a thinner dough, I add a tablespoon or two of oat flakes.
Here is the recipe without nuts:
75ml aquafaba
100g dark chocolate with 72% cocoa
75g sugar
75g tahini
50g corn flour
15g cocoa powder
1 tablespoon oat flakes
1/2 teaspoon bicarbonate of soda
The method is the same. If you want drier cookies, bake them longer, 14-15 мин., for softer cookies 12 minutes should be enough.
next post: Колачи од ореви и аквафаба / Walnut aquafaba cookies