многу ми е тешко да пишувам рецепти, ретко ги правам јадењата исто. оваа салата најчесто ја правам вака, па еве, ја запишав. сакам да ја имам тука затоа што сите дома ја сакаме.
5 парчиња сварено бело пилешко месо
2 лажици кари (коријандер, кумин, црвен пипер, куркума, ѓумбир, цимет)
сол, бибер
1 лажица мед
шака суво грозје
1 мало јаболко
3 сварени компира
1-2 лажици сенф
⅔ голема тегла мајонез
исечете ги пилешкото и компирите на покрупни коцки, а јаболкото на ситни. помешајте ги сите состојки и пробајте, па додадете зачини или мед, сенф или мајонез, по вкус.
има многу варијации на оваа салата, со брусници наместо суво грозје, кисела павлака заедно со мајонезот, младо кромитче, ама оваа варијанта нас најмногу ни се свиѓа.
lately i find it difficult to write recipes, because i rarely make something twice the same way. i always change things depending mainly on what needs to be used up. but this salad is something we all like this way, so i wrote the recipe and i want to have it here.
5 pieces of cooked chicken breast
2 tablespoons curry powder (coriander, cumin, paprika, turmeric, ginger, cinnamon)
salt, black pepper
1 tablespoon honey
a handful of raisins
1 small apple
3 cooked potatoes
1-2 tablespoons mustard
⅔ from a big jar of mayonnaise
dice the chicken and potatoes in bite size pieces, and the apple in small dice. mix everything, taste and adjust spices and seasonings. add more honey, mustard or mayonnaise to taste.
it can be made with dried cranberries instead of raisins, sour cream in place of half of the mayonnaise, scallions can be added… but we love this version best.
next post: Мока чизкејк со маскарпоне / Mocha mascarpone cheesecake