hicken caesar sandwich | Sitno seckano

цезар салата во облик на сендвич, одличен лесен ручек.

за сендвичите:

домашни земички (рецептот е подолу)

пилешки стекови

цезар сос од “мирана

домати

авокадо

сланина

испржете ги стековите во грил тавче, со сол, бибер и суво оригано. испржете ја и сланината на шпорет, во микробранова или во рерна.

кога лепчињата малку ќе се оладат, наредете ги сите состојки, стекот обилно прелијте го со цезар сосот, доматот посипете го со малку сол и бибер и уживајте во сендвичот.

за лепчињата:

2 лажици шеќер
2 лажици сув квасец
½ шоља млака вода
2 шољи млако млеко
2 лажици масло
2 лажички сол
6 – 7 шољи брашно (јас употребив сенаменско и органско интегрално брашно крема)
за премачкување: 1 јајце изматено со 1 лажица вода
афион, сусам, крупна сол

(излегуваат 18 земички)

растворете ги шеќерот и квасецот во водата, додајте ги млекото, маслото, солта и 3 шољи брашно. измешајте ги убаво со дрвена лажица или со миксер со додатоци за тесто. постепено додајте го остатокот од брашното, додека не се добие мазно тесто. мене ми беа доволни уште 3 шољи брашно, ама може да ви треба помалку или повеќе.

измесете го тестото убаво. јас го месев со миксер, прилично е лепливо и меко, па најлесно е со миксер. премачкајте го со масло, покријте го садот со влажна крпа и оставете го нарасне околу 1 час.

поделете го тестото на пола и едната половина исечете ја на 9 еднакви дела. обликувајте ги во цилиндри долги 10тина сантиметри и наредете ги во големо тавче врз хартија за печење. покријте ги со влажна крпа и оставете ги повторно да растат, 40 – 60 минути. направете го истото и со другата половина тесто. или, оставете ја во фрижидер, во покриен сад, може да стои 2 – 3 дена, и испечете уште земички или нешто друго друг ден. јас тоа тесто го искористив за фокача.

пред печењето премачкајте ги земичките со јајцето и посипете ги со што сакате. печете ги во рерна загреана на 200°C околу 15 – 20 минути.

рецептот за земичките е од joy the baker.

hicken caesar sandwich | Sitno seckano

caesar salad in a sandwich form, easy and delicious light lunch.

for the sandwiches:

homemade buns (recipe follows)

chicken breasts

caesar dressing “mirana

tomatoes

avocado

bacon

cook the chicken breasts in a grill pan, seasoned with salt, black pepper and dried oregano. cook the bacon on the stovetop, in the oven or in the microwave.

when the buns have cooled a little, fill with the above ingredients, dressing the chicken with the caesar sauce, and sprinkling salt and black pepper on the tomato.

for the buns:

2 tablespoons sugar
2 tablespoons active dry yeast
½ cup warm water
2 cups warm milk
2 tablespoons oil
2 teaspoons salt
6 to 7 cups flour (i mixed all-purpose flour and organic whole wheat crema flour)
egg wash: 1 egg beaten with 1 tablespoon cold water
sprinkling: poppy seeds, sesame seeds, coarse sea salt

(yields 18 buns)

dissolve the sugar and yeast in the warm water, add milk, oil, salt and 3 cups flour. mix well with a wooden spoon or an electric mixer with dough attachments. gradually add the rest of the flour, until the dough form. i added 3 more cups flour, but you may need more or less.

knead the dough well. it is sticky, so it is easier with a mixer. oil the ball of dough, cover with a dump kitchen towel and leave to rise for an hour.

divide the dough in two. cut one half in 9 equal parts, form them into 10 cm long cylinders and arrange them on a parchment lined baking sheet. cover with the dump towel and let rise again for 40 – 60 minutes. do the same with the other half of the dough, or keep it, covered, in the fridge for a couple of days and bake buns another day. i made foccacia with the second half of the dough.

before baking brush the buns with the egg wash and sprinkle with poppy seeds, sesame seeds and coarse salt, or with whatever you want. bake the buns in an oven preheated at 200°C around 15 – 20 minutes.

the recipe for the buns is from joy the baker.

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Ванила сладолед / Vanilla ice cream
next post: Ванила сладолед со печени вишни / Roasted sour cherry vanilla ice cream

Leave a Reply