мислам дека до сега немало волку долга пауза помеѓу рецептите на блогов. па, редно е да ја прекинеме. еве една супа, совршена за времево. а до следниот рецепт, кој се надевам ќе биде вкусен колач, ѕирнете на мојот инстаграм или фејсбук за инспирација за готвење. таму сум почесто, а понекогаш ставам и кратки инста–рецепти.
една ваква супа е баш за вакво топло време. кратко се готви, а потоа е вкусна и топла, веднаш послужена, а и ладна, откако ќе отстои во фрижидер.
крем супите се вкусни од кој зеленчук и да ги направите. брокули, карфиол, зелка, спанаќ, домати, тиквици, модри патлиџани, моркови, пашканат, праз, компири, целер, кромид… сите комбинации се можни. а ако сакате да направите нешто уште поинтересно, направете две крем супи, од различни состојки и послужете ги одеднаш, со разни додатоци. јас овој пат направив една од тиквици и една од моркови.
изгледа како веќе да е почната пролетта, само мене кога сум дома ми студи. затоа ја направив оваа супа. свежа и не премногу зачинета, ќе ве загрее ако и вам ви студи.
надвор врне и дува и сигурна сум дека една ваква супа е сé што ви треба.
сите супи од тиква што сум ги направила до сега биле добри, ама не доволно за да се најдат тука. моркови, кари, мускатно оревче и разни други зачини се најдоа во нив, ама тоа не беше тоа. сé додека не додадов праз, лута пиперка и кокосово млеко. вкусот на тиквата пак е тука и е јак, ама заедно со сите други состојки се добива супа од која ќе сакате да си дотурите.
ако ви се допаѓа вкусот на споро пржен, карамелизиран кромид, тогаш ќе ви се допадне и супава. идеална е и сосем доволна за ручек или вечера кога е вака ладно времето. и лесно се прави, иако долго, ама нема многу работа.
ова е нашата омилена супа. многу често ја правам, во големо тенџере и ни трае по неколку дена.
количините се отприлика, без мерење, а од состојките, пилешкото, морковите и компирите се обавезни, а друго, зависи од сезонската понуда на зеленчуци и моменталното расположение. пашканат, целер, брокули, карфиол, тиквица, грашок, многу ретко фиде, понекогаш една шака ориз или јачмен или пченица, магдонос или спанаќ или ливчиња целер… дури и листови од брокула или од карфиол. некогаш додавам изматено јајце, некогаш кнедли… јас ја јадам со многу бибер.
оваа чорба не е за секого. мене ми е многу вкусна. и вас ќе ви се допадне ако ги сакате овие вкусови: печен модар патлиџан, наут, зготвени домати… сето тоа зачинето со кари. многу вкусно. со парче лепче доволно е за ручек.
маја има еден турски готвач кој е останат кај мене, и во него има еден куп интересни вистински турски рецепти. за жал, јас во последно време многу повеќе готвам по рецепти од разни блогови на интернет, а сé поретко ги отварам готвачите кои ги имам дома. е, за оваа чорба на која наидов овде, го отворив турскиот готвач за споредба и ги искомбинирав двата рецепта.
едвај дочекав да се појават јагоди на пазар. планирав неделава секој ден да правам по нешто со јагоди, ама времево реши да нé врати накај есен, па една ваква супа е посоодветна.