All posts in “видео рецепти / video recipes”

Сирење во фурна / Cheese fondue

еве го рецептот за “сиренцето”.

ви треба (за двајца):
1 лукче, исчистено и исечено на пола
250 gr фета, ние ја преферираме сомборската
2-3 лажици кечап, ние ставивме домашен
свежо мелен црн бибер
парче мешано сирење
парче кашкавал

за лепчето:
1-2 замрзнати теста за пица
1 изматена жолчка
сусам

намачкајте го дното на еден земјен сад со исеченото лукче, ставете ја фетата и издробете ја со вилушка, прекријте ја со слој од кечап, па измелете малку бибер

, (доколку сакате да го збогатите вкусот, сега е моментот да ставите парчиња ситно сецкана сланина или пак свежи печурки),  ставете еден слој од мешаното сирење и на крај доста рендан кашкавал.

ставете го сирењето да се пече во загреана рерна на 200°C околу 15 минути, или додека кашкавалот не се стопи и не се зарумени малку.

тестото за пица, полуодмрзнато, исечете го на дванаестинки, премачкајте го со изматената жолчка и посипете го со сусам. печете го колку што пишува на пакувањето.

here is the recipe for the cheese fondue.

you will need (for two):

1 garlic clove, peeled and cut in half
250 gr feta cheese
2-3 tablespoons ketchup
freshly ground black pepper
a piece of white cheese
a piece of chedar cheese

for the bread:
1-2 frozen pizza crusts
1 egg yolk, whisked
sesam seeds for sprinkling

rub the bottom and sides of a small clay pot with the cut garlic clove, put the feta cheese in the bottom and crumble it with a fork, pour the ketchup, then the black pepper (if you like, now is the time to put chopped bacon or fresh mushrooms), put a layer of white cheese and a lot of grated chedar cheese.

bake the cheese in a preheated oven at 200°C for around 15 minutes, or until the cheese on top is melted and becomes golden.

cut the pizza crusts, halfthawed, into 12 pieces, brush with the egg yolk, sprinkle with sesame seeds and bake acording to package instructions.

Тарт со сливи и франџипани фил / Plum frangipane tart

scroll down for the recipe in english

рецепт прилагоден од овде.

за тестото:
2 шољи брашно
5 лажици шеќер
1/4 лажиче сол
170 gr маргарин
1 јајце
1 жолчка

за филот:
110 gr путер, на собна температура
1/2 шоља шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
2 јајца
1/2 шоља брашно
60 gr мелени бадеми
8 сливи (или кајсии, праски, јаболки, крушки…), исечени на кришки

прво направете го тестото. измешајте го брашното со шеќерот и солта, додадете го маргаринот и измешајте го со брашното, прво со вилушка, па со прсти, да се добијат трошки. ставете ги јајцето и жолчката и измешајте, прво со вилушка, па со раце, да добиете тесто. оформете го тестото во топка и ставете го во фрижидер додека го правите филот.

за франџипани филот изматете го путерот со шеќерот и ванилата, додадете ги јајцата, изматете, па брашното и бадемите, изматете.

топката тесто исечете ја на кришки, па натапкајте го тестото на дното и страните од тавче со пречник од 28 cm (јас искористив тавче од 24 cm и тестото излезе малку подебело отколку што треба). истурете го филот врз тестото и порамнете го, па наредете ги сливите.

печете го тартот во загреана рерна на 180°C околу 40 минути, или додека филот не стане испечен и стврднат.

recipe from here.

for the crust:
2 cups flour
5 tablespoons sugar
1/4 teaspoon salt
170 gr butter
1 egg
1 egg yolk

for the filling:
110 gr butter, at room temperature
1/2 cup sugar
1 sachet vanilla sugar
2 eggs
1/2 cup all-purpose flour
60 gr finely ground almonds
8 plums, or other fruit (apples, pears, peaches…), cut in thin slices

first, prepare the crust. mix the flour, sugar and salt and add the butter until the butter is starting to get well incorporated. add the egg and egg yolk and mix until a dough is formed. chill the dough while you make the filling.

to make the frangipane filling, beat the butter, sugar and vanilla together with an electric mixer until light. beat in the eggs, followed by the flour and almonds. beat until light.

cut the dougn in 1 cm thick slices and press them on the bottom and sides of a 28 cm tart pan (i used a 24 cm tart pan and the crust was a little thick). spread the filling. arrange the plum slices.

bake at 180°C for 40 minutes or so, until the filling in the middle of the tart is fully cooked.