маскарпоне и јагоди се така добри заедно, и навистина ми е жал што додека јас го напишам рецептов, јагоди скоро и да нема веќе на пазар. сепак можете да го пробате тартов, маскарпоне иде добро и со сливи, а и со смокви и малини.
Continue Reading…
некако, не знам како, поминале 10 години откако го почнавме овој блог. дури не ни размисливме убаво што и како ќе правиме кога го почнавме. да се отвори блог беше лесно и еден ден во март 2009та сликавме една пита со овесни снегулки и мед, јас го напишав рецептот и блогот почна.
во една недела два пати ги направив овие мафини, не само затоа што имавме многу ептен зрели банани. првата тура отиде за два дена, а излегуваат 16. мафиниве се најмеки што можат да бидат, сочни, чоколадни, и со нив се трошат оние презреани банани кои не се баш веќе вкусни за јадење.
слатките компири ги планирав за бургери. често правам веге-бургери од некој зеленчук, а со сладок компир се многу вкусни. ама бојата на овие слатки компири, додека ги пасирав, ме предомисли и веднаш ги пренаменив за пита.
знам дека е средина на лето и има секакви други овошја, ама ние без разлика на годишното време, секогаш имаме банани дома. и од време на време, некои од нив стојат доволно за да омекнат, па ги употребувам во колачи или смути или нешто, како овие наан лепчиња.
ни беше роденден и ни помина, а не успеавме како што треба да го “прославиме”. конечно, имаме торта вредна за оваа прилика, 9-ти роденден на ситно сецкано. не е класична торта во слоеви, не сум многу по таквите, освен чоколадната која ја правам скоро за секој роденден, ама во последно време овој куглоф ѝ го зазема местото. го правев со цреши, вишни и капини и сите варијанти се вкусни, ама со вишни е некако најсвежа.
понекогаш сакате брз десерт, без вклучување рерна, ниту микробранова. овој чизкејк во чаша се прави без печење, можете да направите само една или две чаши, а можете и да го дуплирате рецептот (или триплирате) и да подготвите повеќе чаши за повеќе луѓе.
можеби изгледа комплицирано и долготрајно, ама овие корпи од кори многу лесно и брзо се прават. можат да се испечат и празни и да се наполнат со некоја салата, пинџур, сос или хумус, или со маскарпоне и свежо овошје. а многу се вкусни и вака, испечени со фил од јајце, јогурт и биено сирење.
многу меки и сочни мафини. со убаво изразен вкус на сладок компир, нешто што мене многу ми се допаѓа, ама и не толку големите љубители на слатки компири кај мене дома ги одобрија.
толку многу ги сакам овесните снегулки, што никако да ги објавам рецептиве. почнувам да пишувам, па се предомислувам, никако да ги најдам вистинските зборови да ги опишам и постојано одложувам. а поважно е да ви кажам дека овесните снегулки се многу вкусни, ептен лесно се подготвуваат и се комбинираат со сé и сешто, па сигурно ќе најдете нешто што ќе ви биде по мерка.
секоја година пред да започне следната ви даваме идеи за зготвени новогодишни подароци. сега имаме рецепт за класични колачи со чоколатца, а покрај нив, ќе подготвиме теглички со мешавина за топло чоколадо и брза туршија за нашите блиски.
панакота толку лесно и брзо се прави, а толку ретко ја правам. некако ми е десерт за посебни прилики. таа посебна прилика сега се овие огноотпорни чашки. ги имам повеќе години и не знам зошто ги чувам. решив дека е време да ги извадам од кутијата и да ги употребам.