All posts in “торти / cakes”

Triple strawberry cake | Sitno seckano

Торта со јагоди / Strawberry cake

Кај нас мај е месец на неколку родендени. За еден од нив направив чоколадна торта, ама за најважниот човек, кој наполни 7 години, направив дури две вакви со јагоди и шлаг.

Continue Reading…
Mascarpone meringue roulade | Sitno seckano

Ролат од белки со маскарпоне / Mascarpone Meringue roulade

На денешен ден пред 13 години го почнавме блогот. Овој ролат е баш нешто што мноооогу ретко го правам, па е таман за прослава.

Continue Reading…
Mocha mascarpone cheesecake | Sitno seckano

Мока чизкејк со маскарпоне / Mocha mascarpone cheesecake

првата половина од февруари е вистинско време за чоколадни рецепти. не успеав да го фатам тој воз. барем го фаќам мартовскиов. лани рецептот за овој чизкејк се појави на страниците на арт кујна, а сега еве го и тука.

Continue Reading…
Orange walnut slices | Sitno seckano

Колач со портокал и ореви / Orange walnut slices

беше роденден на блогот пред една недела и, иако слабо се вртам тука во последно време, го направив колачево за да го одбележиме. ова е едно од оние колачи кои мајка ми често ги правеше порано, а и сега сé уште, за посебни прилики. лесно се прави, а е многу вкусно и убаво изгледа, па сакам да го имам запишано тука.

Continue Reading…
Marble cake | Sitno seckano

Шарен колач / Marble cake


некако, не знам како, поминале 10 години откако го почнавме овој блог. дури не ни размисливме убаво што и како ќе правиме кога го почнавме. да се отвори блог беше лесно и еден ден во март 2009та сликавме една пита со овесни снегулки и мед, јас го напишав рецептот и блогот почна.

Continue Reading…
Whole wheat chocolate chunk banana cake | Sitno seckano

Интегрално колаче со банани / Whole wheat banana cake

знам дека е средина на лето и има секакви други овошја, ама ние без разлика на годишното време, секогаш имаме банани дома. и од време на време, некои од нив стојат доволно за да омекнат, па ги употребувам во колачи или смути или нешто, како овие наан лепчиња.

Continue Reading…

Blackberry chocolate bundt cake | Sitno seckano

Чоколаден куглоф со капини / Blackberry chocolate bundt cake

ни беше роденден и ни помина, а не успеавме како што треба да го “прославиме”. конечно, имаме торта вредна за оваа прилика, 9-ти роденден на ситно сецкано. не е класична торта во слоеви, не сум многу по таквите, освен чоколадната која ја правам скоро за секој роденден, ама во последно време овој куглоф ѝ го зазема местото. го правев со цреши, вишни и капини и сите варијанти се вкусни, ама со вишни е некако најсвежа.

Continue Reading…

Lemon kefir streusel cake | SItno seckano

Колач со лимон / Lemon cake

не знам зошто имам некое убедување дека не сакам слатки со лимон. овие тартчиња со сок од цитрусни овошја ми се баш вкусни, а и колачов. неколку пати го направив и многу ми се допаѓа колку е мек, сочен и лимонест.

Continue Reading…

Chocolate mug cake & peach crumble | Sitno seckano

Благо во шоља / Mug cakes

не знам за вас, ама кај нас дома понекогаш е паника за благо. затоа рецепти за вакви десерти, кои се прават за неколку минути, е добро да се имаат при рака.

Continue Reading…

Easy cherry cake and creamy lemon ice cream | Sitno seckano

Колач со цреши и сладолед од лимон / Cherry cake and lemon ice cream

највкусниот сладолед кој знам да го направам е кремаст и мек и совршен како основа за додавање разни вкусови, како печени вишни или печени јаболка, анасон, свеж ѓумбир, или додатоци како чоколатца, лешници, суви сливи во црно вино… само, се прави со живи јајца.

Continue Reading…

Sour cherry cake | Sitno seckano

Колач со вишни / Sour cherry cake

ова колаче на ливчињата на мајка ми со рецепти, од едната страна исполнети со нешто напишано на машина за чукање, се вика “мрсно тесто со вишни”. не знам зошто, кога ниту тестото е мрсно ниту има многу масло. совршено колаче за овој период, кога има зрели вишни, или во било кое друго време, направено со замрзнати вишни.

Continue Reading…

Cheesecake with sauteed apples | Sitno seckano

Чизкејк со динстани јаболка / Cheesecake with sauteed apples