All posts in “сладолед / ice cream”

Ручек за Теа / Lunch for Tea

пред некое време на гости ни беше екипата од списанието “теа модерна” и еве што зготвивме за нив. рецептите минатата недела можевте да ги прочитате во списанието, а еве ги сега и тука.

a few weeks ago we had guests from the magazine “tea moderna” and here is what we cooked for them.

Continue Reading…

Сладолед од јагоди и јогурт / Strawberry yogurt ice cream

наједноставниот сладолед што можете да го направите со овошје. мислам дека бев шесто или седмо одделение, кога баба ми ми го откри рецептот за овој овошно-јогуртен сладолед и од тогаш го правам секое лето со разни овошја. банани, праски, диња, цреши, вишни, круши… ама мислам дека со јагоди е највкусен.

Continue Reading…

Сладолед од портокал / Orange ice cream

ќе се согласите дека е време да почнеме со сладоледите. првиот сладолед што избрав да го направам годинава е многу вкусен, ама малце комплицирано се прави. не многу страшно комплицирано, ама вклучува употреба на повеќе садови и мешање покрај шпоретот. а сето тоа за да се добие интензивен вкус на портокал во кремаст сладолед.

Continue Reading…

Сладолед од јаболкa / Apple ice cream

еве уште еден интересен вкус на сладолед. не толку необичен како сладоледите од анасон и ѓумбир, ама секако вкусен. сладолед со вкус на печени јаболкa.

Continue Reading…

Сладолед од свеж ѓумбир / Ginger ice cream

сладоледов е ненормален. ненормално вкусен. инспирацијата е од тука, ама јас пак како основа го искористив рецептот за сладолед од мајка ми. не знам дали е повкусен овој од ѓумбир или оној од анасон, ќе морам пак да го направам тој од анасон и да споредам.

Continue Reading…

Тиква на пареа / Steamed pumpkin

scroll down for the recipe in english

од досегашното готвење на пареа цвекло, круши, аспарагус  и други работи видов дека готвењето на пареа им прави добро на овошјето и зеленчукот: им го интензивира вкусот. ме интересираше што ќе и направи на тиквата и не ме разочара. освен што и ја засили портокаловата боја, и вкусот не заостана.
и овој, како и претходните рецепти на пареа, е во соработка со electrolux.

со тиква, на есен често правам мафини, колач или пита и обично ја динстав за да добијам пире. отсега ќе ја правам на пареа, повкусна е и не треба да се цеди, а има доволно влажност.
со пирето добиено од тиквата зготвена на пареа решив да направам сладолед според овој рецепт и мафини.
мафините беа добри како и секогаш, дури и подобри поради поинтензивниот вкус на тиквата, ама за сладоледот немам толку добро мислење.

пире од тиква:
тиквата исечете ја на парчиња и исчистете ја од семките. мојата не беше многу голема и јас ја исеков на 8. ставете ги парчињата во решеткаст сад, па во тенџере со вода што врие, и поклопете ја со капак. ако треба завиткајте го капакот со фолија за да не излегува пареа надвор.
после 10тина минути проверете со боцкање со вилушка дали е омекната. ако не е, оставете ја уште да се готви.
кога ќе омекне, извадете ги парчињата во чинија, почекајте да се оладат па тргнете им ја лушпата и изгмечете ги во пире.

сладолед од тиква:
1/2 шоља млеко ставете во тенџерче на тивко заедно со 1 лажичка нескафе, 1/2 шоља шеќер, 2 лажици мед, 1 лажичка цимет, 1/2 лажичка кардамом и 1 кесичка ванилин шеќер. мешајте додека сé не се растопи во млекото.
изматете една кесичка шлаг и во него измешајте ги млекото и 1 шоља пире од тиква.
сипете го сето тоа во пластична кутија и замрзнете го.

звучи како интересна комбинација, ама вкусот е некако прејак. и кафе и мед и цимет и кардамом. можеби би било поубаво со два шлага или само со цимет, само со кафе, само шеќер, без мед… треба да се проба.


from our previous steam cooking beetroots, pears, аsparagus and other things we concluded that steam does good to fruit and vegetables: it intensifies their flavour. i was curious what it will do to a pumpkin and i wasn’t disappointed.

i usually use pumpkin to make muffins, bread or pie and i usually cook it in a little water to make pumpkin puree, but after this i’ll always steam it.
with the steamed pumpkin puree i made ice cream after this recipe and muffins.
the muffins were good as always, even better because of the more intense pumpkin flavour. but i’m not sure about the ice cream.

pumpkin puree:
cut the pumpkin and remove the seeds. mine wasn’t too big and i cut it in 8 pieces. put the pumpkin pieces in a collander and over a pot of boiling water and cover tightly.
after 10 minutes check if the pumpkin is tender, if not, leave it to steam more.
when done, take the pieces on a plate, let cool, peel and mash.

pumpkin ice cream:
in a sauce pan combine 1/2 cup milk with 1 teaspoon instant coffee granules, 1/2 cup sugar, 2 tablespoons honey1 teaspoon cinnamon, 1/2 teaspoon cardamom and 1 sachet vanilla sugar. stir so sugar, honey and spices “melt” into milk. remove from heat and stir in 1 cup pumpkin puree and 200ml whipped cream. pour into a freezer container and freeze.


it sounds like an interesting combination, but i think it would be better if there is only coffie, or only cinnamon… i should try it some day.

Крушки на пареа со сладолед од анасон, карамелизирани ореви и батерскоч сос / Steamed pears with fennel ice cream, caramelized walnuts and butterscotch sauce

Scroll down for the recipe in English

време е за рецепт на пареа. насловот е навистина долг, ама подготовката на сето тоа навистина брза и лесна. овој пат решивме да направиме овошје на пареа. идејата ми дојде од готвачот на еlectrolux, successful steam cooking. само јас отидов и подалеку: ги искомбинирав крушките со сладолед од анасон, карамелизирани ореви и батерскоч сос и сите вкусови убаво се вклопија.
на крушките не им додадов ништо додека се готвеа на пареа, а нивниот сопствен вкус стана многу поинтензивен. ама да почнам од сладоледот, прво него треба да го направите, неколку саата или еден ден пред да ги послужувате крушките.

сладолед од анасон
сладоледов е ненормално вкусен. до скоро не ни знаев дека може да се направи сладолед од анасон, а сега ми е омилен вкус на сладолед за ова лето. откако ги направив мафините со урда и анасон и видов дека анасонот е уствари вкусен во благи работи, сладоледов ми дојде како логично продолжение. наидов на повеќе рецепти за сладолед од анасон, ама сепак го направив сладоледот според мојот рецепт и му додадов анасон.

2 лажички анасон, малку истолчен
1 шлаг
2 јајца
3 лажици шеќер
150 ml ладно млеко

анасонот ставете го во 50 ml млеко, зовријте го млекото, тргнете го од шпорет и оставете го покриено 30 минути. за тоа време шлагот изматете го со 100 ml ладно млеко во една вангла. во друга изматете 2 белки, додајте 3 лажици шеќер и двете жолчки, а потоа и шлагот. на крај додадете го и млекото исцедено од зрнцата анасон.
сладоледот ставете го во пластична кутија и во замрзнувач.

карамелизирани ореви
ги додадов за да дадат малку крцкавост на целата комбинација.
ставете 1/3 шоља шеќер во едно поголемо тенџере и ставете го тенџерето на среден оган, шеќерот да се стопи, без мешање. кога целиот шеќер ќе се стопи, посипете го со малку цимет и додадете 100 gr исчистени ореви, искршени на крупни парчиња. промешајте убаво, сите ореви да се прекријат со карамел и тргнете го тенџерето од шпорет. истурете ги оревите на послужавник или големо тавче, раздвојте ги, и почекајте да се стврднат. претпоставувам дека добра идеја би било да се истурат на алуминиумска фолија или целофан, за полесно да се одлепуваат. можете да ги чувате во тегла недела – две.

батерскоч сос
4 лажици путер
1/2 шоља темно кафеав шеќер
1/2 шоља хопла
1/4 лажиче сол
1 кесичка ванилин шеќер

стопете го путерот на среден оган, додадете го кафеавиот шеќер, промешајте убаво, додајте ја хоплата, малку сол и ванилата. мешајте околу 5 минути, па пробајте. ако сакате може да додадете уште сол.
овој сос има многу интересен вкус. сличен на овие бомбони. можете да го чувате 2 недели во тегла во фрижидер. во фрижидер се стврднува, ако сакате да биде течен ставете ја теглата за кратко во топла вода.

крушки на пареа
дојдовме и до крушките. земете зрели, но цврсти крушки и само излупете ги, исечете ги на половина, извадете им ги семките и ставете ги 5-6 минути на решетка врз вода што врие (со капак), или додека малку не омекнат.

потоа ставете по две половинки крушка во секое тањирче (употребете некои подлабоки тањирчиња, јас згрешив со плитките, моравме да го бркаме сладоледот наоколу). посипете ги крушките со карамелизирани ореви, ставете по една топка сладолед од страна и сето тоа прелијте го со батерскоч сосот. милина.

i know the title is long, but everything is so easy to make. the idea for the steamed pears came from the еlectrolux’s cookbook successful steam cooking, but i added a few things: fennel ice cream, caramelized walnuts and butterscotch sauce and everything came together nicely.
i steamed the pears without any added sugar or spices and their own flavour intensified. but, let’s start with the ice cream, since that’s what you need to make first, a few hours or a day before you serve the pears.

fennel ice cream
this ice cream is so unusual and so sweet and tasty. until recentrly i didn’t even know about fennel ice cream but know it’s my favourite flavour for ice cream this summer. when i made the ricotta and fennel muffins i really liked the sweetness that fennel adds so i wanted to try this ice cream. i found a few recipes for fennel ice cream, but i decided to use my ice cream recipe, since it’s very good and very adaptable.

2 teaspoons fennel seeds, crushed
1 cup cream
2 eggs
3 tablespoonssugar
150 ml cold milk

put the fennel in a small saucepan with 50 ml milk, bring to boil. remove from the heat, cover, and let steep for about 30 minutes. beat the cream in one bowl, in another beat the two eggwhites, add sugar, eggyolks, cream and the milk strained from the fennel seeds. put the ice cream in a plastic box and in the freezer for a few hours.

caramelized walnuts
these add some crispness to the whole combination.
put 1/3 cup sugar in a heavy saucepan on a medium heat, let the sugar melt, without stirring, then add a pinch of cinnamon and 100 gr walnuts. stirr, making sure every piece of walnut is covered in caramel then pour them on a cookie sheet. devide the pieces with a fork. the caramelized walnuts can be kept in a jar for a couple of weeks.

butterscoth sauce
4 tablespoons butter
1/2 cup dark brown sugar
1/2 cup cream
1/4 teaspoon salt
1 sachet vanilla sugar

melt butter on a medium heat, add brown sugar, stirr, add cream, salt and vanilla. cook stirring for 5 minutes, then taste carefully (not to burn your tongue) and add more salt if needed.
this sauce can be kept in a jar in the fridge for a couple of weeks. it will harden when cold, so put the jar in a bowl of hot water to melt it.

steamed peаrs
and finally, the pears. take ripe, but firm pears. peel them, cut in half, scoop the seeds and put them on a grid over boiling water, cover and steam for 5-6 minutes, or until they soften a little.

put two pear halves on a plate (don’t use flat plates like i did, you don’t want to chase the ice cream around), put some caramelized walnuts over the pears, a scoop of fennel ice cream beside them and drizzle some butterscoth sauce over everything. take a bit, close your eyes and enjoy.

Сладолед


2 шлага
4 јајца
6 лажици шеќер
250- 300 ml ладно млеко

двата шлага се матат со млекото во една вангла. во друга се матат четирите белки, им се додаваат шесте лажици шеќер и четирите жолчки, а потоа и шлагот. на ова можете да му додадете ванилин шеќер, какао, чоколадо, мармалад, овошје или некој друг вкус.
јас ставив 2 кесички ванилин шеќер и така замрзнав половина од количината, а во другата половина додадов 2 лажици несквик.
сладоледот се става во кутија и во замрзнувач и може да се јаде по неколку саати, кога ќе се замрзне.

2 cups cream
4 eggs
6 tablespoons sugar

beat the cream in one bowl, in another beat the egg whites, add sugar, egg yolks and the cream. put the ice cream in a plastic box and in the freezer for a few hours.
you can add vanilla, cocoa, chocolate, jam, fruits or other flavour to this basic ice cream.
i put 2 sachets vanilla sugar in the icecream and froze half the batch like that, and i added 2 tablespoons nesquick in the other half.