ова е сé што зготвив денеска. на вакво топло време друго не ни се ни јаде. ваков таратор со вода често правеа баба ми и дедо ми кога бев мала, во една голема дрвена здела, во која се правеше и пинџур. баш би сакала да имам таква една сега.
една ваква супа е баш за вакво топло време. кратко се готви, а потоа е вкусна и топла, веднаш послужена, а и ладна, откако ќе отстои во фрижидер.
многу ретко правам вакви салати со макарони и секогаш се изненадувам колку всушност се вкусни. се разбира дека салата со макарони може да се направи со сé и сéшто, ама мене ми се допаѓа некоја ваква комбинација од додатоци, и не сакам да биде сува, ама па ни удавена во прелив.
во последно време многу ни се битни јадења што брзо се прават. не мора кратко да се готват, важно подготовката да е кратка и брза, а сепак да се вкусни и недосадни. ова е едно такво.
сигурно знаете дека јајцата од препелица се многу здрави. за сите нивни здрави состојки прочитајте повеќе на страницата на “наша фарма“, од каде што се овие мали шарени, а моќни јајца. а ние имаме идеја како да ги подготвите.
не знам дали јадете магдонос колку мене, го ставам во супи, манџи, салати, сендвичи… како додаток. ама овде е главен и е супер. секако можете да додадете и друг зелениш, рукола, зелена салата, други тревки…
еден од омилените ручеци кај нас дома е брзо пржени зеленчуци во вок тава, со или без месо, со ориз. или обратната варијанта, пржен ориз со зеленчуци, со или без месо. и двете се прават многу брзо и може да се употребат разни зеленчуци.
печено цвекло во салата со марула, рукола или млад спанаќ, сирење и јатки или семки и суви брусници, со прелив од маслиново, оцет балсамик и сируп од калинка е нешто неверојатно. овој киш е со слични вкусови, особено интересен поради сирењето манури кое совршено се вклопува со карамелизираниот кромид, печеното цвекло и оревите.
погача со пченкарно брашно со спанаќ е еден од нашите први рецепти, објавен во април 2009. заслужува да биде обновен, затоа што е толку лесен и вкусен, а особено што се погоди да имаме производи од “наша фарма“: пченкарно брашно мелено на камен, свеж спанаќ и селски јајца.
не знам дали има потреба да ги објаснувам овие ролни. меки, мирисни, како да поминувате покрај пекара, и полни со чоколадо. направете ги за појадок или вечера, секако добро ќе ви дојдат.
дали понекогаш ви останува неиспиено вино? ни нас. сепак некогаш, ретко, може да се случи да ни остане, па еве една идеја како да се искористи. ова е од оние јадења кои ги правам без рецепт. често правам такви јадења, и не мерам, користам состојки кои ги имаме во моментот, не запишувам и јадењето при секое правење е различно.
едно од јадењата кои син ми, мартин, не ги бендисува кога ќе ги направам е грав, а особено тавче гравче. моето гравче никако не се мери со гравчето кое го прави баба му. затоа ја викнав мајка ми заедно да направиме тавче гравче за да видам во што е тајната. по сé изгледа не му оставав доволно време на гравот да се свари, да се испече и да отстои, а и штедам на сол.
Continue Reading…