многу ми е тешко да пишувам рецепти, ретко ги правам јадењата исто. оваа салата најчесто ја правам вака, па еве, ја запишав. сакам да ја имам тука затоа што сите дома ја сакаме.
Continue Reading…
многу ми е тешко да пишувам рецепти, ретко ги правам јадењата исто. оваа салата најчесто ја правам вака, па еве, ја запишав. сакам да ја имам тука затоа што сите дома ја сакаме.
Continue Reading…
ова е сé што зготвив денеска. на вакво топло време друго не ни се ни јаде. ваков таратор со вода често правеа баба ми и дедо ми кога бев мала, во една голема дрвена здела, во која се правеше и пинџур. баш би сакала да имам таква една сега.
многу ретко правам вакви салати со макарони и секогаш се изненадувам колку всушност се вкусни. се разбира дека салата со макарони може да се направи со сé и сéшто, ама мене ми се допаѓа некоја ваква комбинација од додатоци, и не сакам да биде сува, ама па ни удавена во прелив.
мојата омилена зимска салата. изрендани свежи коренести зеленчуци, најчесто цвекло и моркови, а овој пат и една малку лута бела зимска трупка и една слатка каракушка. понекогаш, во зависност од тоа што имаме дома, ставам и целер, пашканат, кисело јаболко, праз, зелка, црна трупка, дајкон…
и сирење и рукола и суви домати и калинка и мед… само немаше место за сето тоа во насловот. изгледа како нафрлани работи, ама заедно си одговараат многу добро и сендвичот е ептен вкусен.
во последно време многу ми се важни брзи рецепти. како тестото за пица од минатиот пост, или оваа туршија која може веднаш да се јаде, после само неколку часа, без чекање со недели да се скисели.
еве ме во последен момент да ви дадам идеја или две за домашно зготвени подароци за нова година.
од едно патување во истанбул, еднo од јадењата кои најмногу ми останаа во сеќавање е ручекот последниот ден пред да си одиме, во едно мало преполно кафанче во близина на египетскиот пазар во кое прво седнавме само да јадеме благо од кадаиф, сирење и шербет (кунефе), ама набрзо ја сменивме нарачката и јадевме цел ручек.
првото нешто што ни го донесоа беше салатата езме заедно со округли лепчиња и црвен булгур. беше неверојатно освежителна и вкусна, па пробав да ја направам и дома. најдов повеќе рецепти за неа, ама ја направив најмногу според овој. салатата е многу вкусна поради сите состојки, ама мислам дека сирупот од калинка и сумакот придонесуваат да биде освежителна и киселкаста.
кога син ми мартин беше мал, многу сакаше леќа. можеше да ја јаде секој втор ден. другите денови сакаше гравче. ама веќе е пораснат и станат многу пробирлив во јадењето, па не сака ни леќа ни грав. а и на сите ни здосади манџата со леќа. затоа барам други идеи и рецепти со леќа и со неа правам супи, ќофтиња и салати.
се прави за 5 минути и ептен добро иде со солени крекери.
пинџурите се можеби повеќе летно јадење. лепче, сиренце и пинџур може да биде комплетен ручек во лето. не знам зошто ми требаше толку време да се фатам да го сликам пинџурот, ама не верувам дека некој би одбил пинџур ни на есен, иако времево не е многу есенско деновиве.
не знам дали јадете магдонос колку мене, го ставам во супи, манџи, салати, сендвичи… како додаток. ама овде е главен и е супер. секако можете да додадете и друг зелениш, рукола, зелена салата, други тревки…
Continue Reading…