рецепт од Delicious Quiches and Flans
за тестото:
1 шоља брашно
60 gr путер
1 јајце
1-2 лажици ладна вода
помешајте ги прво брашното и путерот со прсти, па додадете ги јајцето и водата и добиеното тесто оставете го во фрижидер 20тина минути.
за тоа време испржете печурки со сол, бибер и чубрица и изматете 2 јајца со 1/2 шоља млеко, 1 лажица сенф и 1 лажица дробњак.
притиснете го тестото на дното и страните на тавче со пречник од 20тина сантиметри, подмачкано со маргарин, сипете ги печурките, наредете врз нив 2 црвени печени и излупени пиперки, исечени на ленти, истурете ја смесата со јајцата, посипете со сусам или ленено семе, па ставете го кишот да се пече околу 35 минути во рерна загреана на 180°C.
next post: Колач со лимон и вишни / Sour Cherry Lemon Bread
Trackbacks for this post