ова е една од моите омилени манџи. долго се готви, ама нема многу работа во подготвувањето.
scroll down for the recipe in english
1 средна зелка, исечена на парчиња
500 gr свинско без коски, исечено на парчиња
1 патлиџан, исецкан, или сок од патлиџан
2 лажички црвен пипер
масло
сол
(може да се стават и 1-2 моркова исечени на кругчиња)
во големо тенџере ставете малку масло, пола од зелката, свинското, 1 лажиче црвен пипер, сол, 2-3 шољи вода, патлиџанот, остатокот од зелката, уште сол и црвен пипер. не се секирајте ако не ја собира зелката во тенџерето, со варењето ќе спласне. гответе ја зелката на средно со капак околу 2 часа или додека убаво не омекне и зелката и месото. од време на време промешајте и пробајте, ако треба додадете уште вода или сол.
манџава може и да се замрзне.
this is one of my favourite stews. the cabbage needs a lot of time to cook, but there is not much work for preparation.
1 medium cabbage, cut in pieces
500 gr boneless pork, cut in pieces
1 tomato, cut in pieces, or tomato juice
2 teaspoons paprika
vegetable oil
salt
(you can add 1-2 carrots, cut in circles)
in a big pot put a little oil, half of the cabbage, the meat, 1 teaspoon paprika, salt, 2-3 cups water, the tomato, the rest of the cabbage, more salt and paprika. don’t worry if the cabbage can’t fit in the pot, it will shrink once it cooks. cook the cabbage on medium heat, with a lid for 2 hours or until both the cabbage and the meat are tender. stir from time to time and add salt or water if needed.
can be freezed.
next post: Сладолед од портокал / Orange ice cream
мммммм колку добро мириса! Прсти лижам! :))