На Бојана и мене не ни се веруваше дека до сега не сме ставиле рецепт за браунис (brownies) на блогот. И еве конечно ќе го исправиме овој пропуст.
Scroll down for the recipe in English
Пред да ви го кажам рецептов морам да ве погњавам со уште нешто. Една од оние работи кои ме нервира е кога ќе купам брауни колаче од продавница или мензата на работа и ќе ми дадат едно парче тврдо, суво никакво колаче кое го нарекуваат брауни. За мене браунис значи колаче што е меко, влажно, дури изгледа малку недопечено. Се останато можеби е колаче ама не е брауни. Рецептов го адаптирав од куварот Bills Food од Bill Granger. Многу е лесен и прави одлични браунис.
Морам да ве предупредам дека фотографииве ги направив додека браунис-от беа уште топли, па парчињата беа потешки за сечење и беа доста меки. Кога браунис-от ќе бидат сосема оладени, малку ќе се стегнат, ама сеуште ќе бидат меки.
за отприлика 8-10 браунис:
60 гр. брашно
250 гр. шеќер
80 гр. какао
1 лажиче прашок за печење
4 јајца
250 гр. путер, стопен
1 ванилин шеќер
100 гр. темно чоколадо, испокршено на малу парчиња (може, но не мора, може да го изоставите)
Загрејте ја рерната на 160 Ц степени. Измешајте ги шеќерот, какаото, брашното, ванилата и прашокот за печење во сад. Додајте ги јајцата и стопениот путер и повторно измешајте со мешалка (нема потреба за миксер). На тестотот додајте ги парчињата чоколадо. Тавчето (~ 22 см) намрсете го со зејтин со рака или салвета и потоа истурете малку какао за да не ви се лепат браунис-от (како сликата горе, користете какао а не брашно за ова, за да не ви бидат бели браунис-от кога ќе ги исечете). Истурете го тестото во тавчето и печете ги околу 40 мин. Кога ќе ги извадите од рерна браунис-от сеуште ќе изгледаат малку недопечени, ама доста ќе се стегнат кога ќе се оладат. Се надевам ќе ви се допаднат ! Уживајте !
Bojana and I were kinda surprised that we didn’t have a brownies recipe on the blog. We decided to fix this right away. Before I tell you about this recipe, I have to say something about one of my pet peeves: dry, solid cakey brownies. I don’t like them one bit ! This recipe however will produce the most amazing moist crumbly delicious brownies ever ! I adapted it from the cookbook Bills Food by Bill Granger.
For 8-10 brownies:
2 cups sugar
2/3 cup cocoa powder (unsweetened)
1/2 cup flour
1 teaspoon baking powder
4 eggs, beaten
9 oz. butter, melted
1 teaspoon vanilla extract
3.5 oz. bittersweet chocolate chips
Preheat your oven to 315 F degrees. Mix all the dry ingredients in a bowl with a whisk, then add the eggs, melted butter and vanilla. Mix well then add the chocolate chips. Pour in a pan (~ 9 inch) which has been greased and then covered with cocoa and bake for about 40 min. Make sure not to over bake the brownies and take them out of the oven when they still look slightly under baked. Hope you enjoy them !
next post: Кнедли со јаболка / Apple dumplings
Trackbacks for this post