Brownie walnut pie | Sitno seckano

брауни пита ми е во план за правење со месеци. јадевме една купечка на минатиот роденден на мартин и од тогаш ја чекам да дојде на ред. многу е вкусна, реакцијата на сите што ја пробаа уште на првиот залак беше “ммммммм”.

Brownie walnut pie | Sitno seckano

употребив тесто останато од правење други пити, замрзнато. и вас ако ви остане од оваа пита, замрзнете го, па употребете го другпат.

Brownie walnut pie | Sitno seckano

тесто за пита

2 шољи брашно (од кои 1 – 2 лажици пченкарно, а останатото сенаменско или мешано интегрално и сенаменско)

1 лажица шеќер

120 g путер, ладен, исечен на коцки

2 – 3 лажици павлака

2 – 3 лажици ладна вода (или колку е потребно)

измешајте ги брашното и шеќерот, па додајте ги коцките путер и мешајте со прсти или со блендер за тесто додека не се направат зрнца. додавајте ја павлаката и една по една лажица ладна вода и мешајте го тестото сé додека не успеете да ги споите зрнцата во топка тесто.

тестото може да се направи и неколку дена однапред и да стои во фрижидер додека не ви притреба, или да се замрзне на подолго време. засега оставете го во фрижидер, завиткано во кеса или поклопено во вангла, додека го правите филот.

од овој фил излегуваат 6 – 8 мали пити (во тавчиња со пречник од 10 cm) или една голема со пречник од 25 cm.

фил

140 g путер

150 g темно чоколадо

8 лажици какао во прав

1 лажица инстант кафе

4 јајца

200 g шеќер

2 лажици домашен сируп од ѓумбир

3 лажици кисела павлака

½ шоља ореви помешани со 1 лажица брашно

стопете ги путерот и чоколадото, заедно со какаото и кафето, во сад врз вода која полека врие, или во микробранова, со често мешање.

изматете ги јајцата со шеќерот со миксер, долго, додека не станат светли и кремасти. додајте го сирупот од ѓумбир.

кога чоколадото малку ќе се олади, додајте ја павлаката и убаво измешајте. потоа спојте ги двете смеси и додајте ги оревите, крупно исецкани и помешани со малку брашно.

развлечете го тестото со сукало, врз малку побрашнета површина, исечете го на кругови малку поголеми од дното на тавчињата и притиснете го на дното и страните од тавчињата. распределете го филот во тестата и ставете ги да се печат во рерна загреана на 150°C околу 40 минути. последните 5 минути јас ги преместив питите на најдолната полица и ја зголемив температурата на 175°C, за тестото да се испече убаво од долу. оставете ги малку да се оладат пред да ги јадете.

рецептот за филот е прилагоден од книгата the naked chef на џејми оливер.

Brownie walnut pie | Sitno seckano

i’ve been planning to make brownie pie for months. we had a store-bought one for martin’s last birthday and i wanted to make it at home since then. it is truly delicious, everyone that tried it went “mmmmmm” after the first bite.

i used pie dough leftover from other pies and frozen. if you happen to have leftover dough from this pie, freeze it, and use it some other time.

pie dough

2 cups flour (1 – 2 tablespoons corn flour, and the rest is all-purpose and graham flour)

1 tablespoon sugar

120 g butter, cold, cubed

2 – 3 tablespoons sour cream

2 – 3 tablespoons cold water (or as needed)

mix the flour and sugar, cut in the butter cubes with your fingers or with a pastry blender, until the butter is pea-sized. add the sour cream and one by one tablespoon water and stir until you can form a ball of dough.

the dough can be made in advance and kept in the fridge for 3 – 5 days, or frozen for longer. for now put it in the fridge while you prepare the filling.

this filling is enough for 6 – 8 small pies (made in 10 cm pie pans) or one big 25 cm pie.

filling

140 g butter

150 g dark chocolate

8 tablespoons cocoa powder

1 tablespoon instant coffee granules

4 eggs

200 g sugar

2 tablespoons homemade ginger syrup

3 tablespoons sour cream

½ cup walnuts, mixed with 1 tablespoon flour

put the butter, chocolate, coffee and cocoa in a heatproof dish and melt over slowly simmering water, or in the microwave, stirring often.

whisk the eggs with the sugar, with an electric mixer, until pale and creamy. add the ginger syrup.

leave the chocolate to cool a little, then add the sour cream and stir. now mix the chocolate with the eggs and add the walnuts.

roll the dough on a floured surface. cut circles a little bigger than the pie tins. butter the pie tins and press a circle of dough in the bottom and sides of each. divide the filling among the tins and bake in an oven preheated at 150°C around 40 minutes. let cool a little before serving.

the recipe for the filing is adapted from jamie oliver’s “the naked chef”.

 

Save

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Крамбл колаче со капини / Blackberry crumble squares
next post: Каша од сурова хељда / Raw buckwheat porridge

Trackbacks for this post

  1. Брауни / Brownies - Sitno Seckano

Leave a Reply