брауните си се супер и без никаков фил, ама сепак е убаво понекогаш да се пробаат и вакви, а чоколадо и кокос дефинитивно добро одат.

chocolate_coconut_muffins-22

scroll down for the recipe in english

рецептот е прилагоден од овде.

излегуваат 12 брауни-мафини.

chocolate_coconut_muffins-17

за филот од кокос:

½ – ¾ шоља кокосово брашно

¼ – ⅓ шоља кокосов крем (се продава во конзерва како кокосовото млеко, ама е погуст)

1 кесичка ванилин шеќер

помешајте го кокосовото брашно со ванилиниот шеќер и додадете кокосов крем онолку колку што треба за да се добие густа смеса. покријте ја смесата и ставете ја во фрижидер додека го правите тестото. смесата може да се направи и неколку дена однапред, а може и да се замрзне.

chocolate_coconut_muffins-5

за брауни тестото:

100 – 120 gr путер

120 gr темно чоколадо

1 шоља шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

2 јајца

⅓ шоља какао во прав

½ шоља + 2 лажици брашно

chocolate_coconut_muffins-13

стопете го путерот на пареа (во тенџерче ставено врз друго тенџере во кое полека врие вода). додадете ги шеќерот, ванилиниот шеќер и чоколадото и мешајте додека чоколадото не се стопи. тргнете го на страна и оставете го малку да се олади.

во вангла скршете 2 јајца, ставете го стопеното подоладено чоколадо и матете со миксер околу 1 минута. додадете ги брашното и какаото и матете уште 2 – 3 минути. тавчето за мафини обложете го со хартиени чашки, а рерната вклучете ја на 180°C.

пола од тестото разделето го на 12-те чашки од тавчето за мафини. во средината ставете по едно топче кокос, па дополнете ги чашките со останатото тесто. тестото е прилично густо и можеби ќе треба да го притиснете малку за горното тесто да се спои со долното.

печете ги брауни-мафините околу 18 – 25 минути, или додека на површината не се создаде убава коричка. боцнете некое со чепкалка, во ред е тестото да не е целосно испечено, тоа ќе се стврдне кога ќе се оладат, ама да не биде многу течно во средината.

chocolate_coconut_muffins-29

brownies are great on their own, without any filling, but sometimes it’s nice to try them like this, and chocolate and coconut are definitely a good pair.

recipe adapted from here. yealds 12 brownie-muffins.

chocolate_coconut_muffins-12

for coconut filling:

½ – ¾ cup shredded coconut

¼ – ⅓ cup coconut cream

1 tablespoon vanilla sugar

mix the shredded coconut with vanilla sugar and add enough coconut cream to make thick mixture. cover and refrigerate while you make the dough. the coconut mixture can be made a couple of days ahead and also can be freezed.

chocolate_coconut_muffins-16

for brownie dough:

100 – 120 gr butter

120 gr bittersweet chocolate

1 cup sugar

1 tablespoon vanilla sugar

2 eggs

⅓ cocoa powder

½ cup + 2 tablespoons all-purpose flour

chocolate_coconut_muffins-19
melt butter over double boiler. add sugar, vanilla sugar and chocolate and whisk until chocolate melts. remove from heat and allow to cool slightly.

put the eggs in a bowl, add the lukewarm chocolate mixture and beat with an electric mixer on medium for about 1 minute, until smooth. add flour and cocoa powder and beat on medium for 2 to 3 minutes, until smooth.

line the muffin tin with paper liners and preheat the oven to 180°C.

divide half of the dough between the 12 muffin cups. place a ball of the coconut mixture in the centers and top with the rest of the brownie dough. the dough is thick so you will have to press it a little.

bake the brownie-muffins for about 18 – 25 minutes, until tops are cracked and a little shiny.

chocolate_coconut_muffins-21
Print Friendly, PDF & Email
previous post: Кременадли, наут, праз и марокански лимони / Pork chops, chickpeas, leeks and moroccan lemons
next post: Гранола / Granola

Trackbacks for this post

  1. Мафини со цреши / Cherry muffins | sitnoseckano

Leave a Reply