Blackberry cocoa butter crumble | Sitno seckano

го празнам замрзнувачот од лански работи и правам место за нови овошја и зеленчуци. од тоа произлезе ова колаче со капини, кое би било исто вкусно и со други пролетни или летни овошја, свежи или замрзнати.

Blackberry cocoa butter crumble | Sitno seckanoscroll down for the recipe in english

за слојот тесто:

200g сенаменско брашно
¼ шоља сончогледово масло
1 лажица мед
1 лажица путер од какао
1 кесичка ванила
1 лажиче прашок за пециво
40-50 g ‘ржани снегулки

ставете ги сите состојки, освен снегулките, во сецко и пуштете го да врти додека сé не се измеша убаво. путерот од какао на собна температура е во цврста состојба. искршете го на поситни парчиња и ставете го во сецкото да се сомеле и измеша со другите состојки. мешавината ќе биде сува и како ронки, ама ако ја притиснете, се лепи. додајте ги ‘ржаните снегулки и промешајте со лажица или со рака. притиснете го тестото на дното од тавче со димензии отприлика 30 х 17 cm, намачкано со малку масло или путер.

за филот:

околу 400 g замрзнати капини, неодмрзнати
скоро цело лажиче мелен цимет
малку мелено каранфилче
½ лажица нишесте врз тестото + ½ лажица врз капините
1 лажица шеќер

посипете половина лажица нишесте врз тестото, распоредете ги капините рамномерно, па посипете ги со зачините, шеќерот и втората половина лажица нишесте.

за горниот слој:

100 g ‘ржани снегулки
1 лажица мед
2 лажици путер од какао
75 g лешници
½ лажиче мелен цимет
1 лажица сенаменско брашно

ставете ги сите состојки за горниот слој во сецкото и пуштете ги да вртат кратко, нека останат парченца лешници. посипете ја мешавината врз капините.

ставете го колачето да се пече во рерна загреана на 175°C околу 30-35 минути, додека површината не се зарумени.

рецептот е прилагоден од тука.

Blackberry cocoa butter crumble | Sitno seckano

i started using things from the freezer, to make space for new fruits and vegetables. so these squares happened, made with blackberries, but i am pretty sure they would be delicious with other spring or summer fruits, both fresh and frozen.

Blackberry cocoa butter crumble | Sitno seckano

crust:

200 g all purpose flour
¼ cup sunflower oil
1 tablespoon honey
1 tablespoon cocoa butter
1 teaspoon vanilla extract
1 teaspoon baking powder
40-50 g rye flakes

put all ingredients, except the rye flakes, in a food processor and pulse until well mixed. the cocoa butter is solid at room temperature, so just break off small pieces and put them in the food processor. the mixture will be dry and crumbly, but will stick when pressed. add the rye flakes and stir with a spoon or with your hands. press the dough in an oiled or buttered 30 х 17 cm pan.

filling:

approx. 400 g frozen blackberries, unthowed
scant teaspoon ground cinnamon
a pinch of ground cloves
½ tablespoon cornstarch for the crust + ½ tablespoon cornstarch for the fruits
1 tablespoon sugar

sprinkle half a tablespoon of cornstarch over the crust, arrange the blackberries evenly, sprinkle with spices, sugar and the second half tablespoon of cornstarch.

crumble:

100 g rye flakes
1 tablespoon honey
2 tablespoons cocoa butter
75 g hazelnuts
½ teaspoon ground cinnamon
1 tablespoon flour

put everything in the food processor and mix quickly, leaving pieces of hazelnuts. scatter the crumble over the fruit.

bake in an oven preheated at 175°C for 30-35 minutes, until the top starts to brown.

recipe adapted from here.

Save

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Едноставно чоколадно колаче / Simple chocolate cake
next post: Брауни пита / Brownie pie

Leave a Reply