Blackberry chocolate bundt cake | Sitno seckano

ни беше роденден и ни помина, а не успеавме како што треба да го “прославиме”. конечно, имаме торта вредна за оваа прилика, 9-ти роденден на ситно сецкано. не е класична торта во слоеви, не сум многу по таквите, освен чоколадната која ја правам скоро за секој роденден, ама во последно време овој куглоф ѝ го зазема местото. го правев со цреши, вишни и капини и сите варијанти се вкусни, ама со вишни е некако најсвежа.

Chocolate blackberry bundt cake | Sitno seckano

170 g темно чоколадо, искршено на коцки (јас користам чоколади со 70% и 85% какао)

¾ шоља какао

1 лажица гранули за инстант кафе

¾ шоља жешка вода

160 ml сончогледово масло

5 јајца

1 шоља кефир (или кисела павлака, јогурт…)

1 ½ шоља кафеав шеќер (или бел)

1 лажица домашен ванилин шеќер (или 1 кесичка купечки)

1 ¾ шоља брашно (мешавина од интегрално и тип 500)

1 лажиче сода бикарбона

2 – 3 лажици слатко од капини (или од вишни, цреши)*

250 g капини, вишни или цреши (свежи или замрзнати и неодмрзнати)

ставете ги во голема вангла чоколадото, какаото и кафето, прелијте ги со жешка вода и мешајте додека чоколадото не се стопи. оставете го чоколадото малку да се олади, па додајте ги другите состојки (масло, јајца, кефир, шеќер, ванила, брашно, сода бикарбона) и изматете ги со миксер.

голем калап за куглоф (oд 2,5-3 l) премачкајте го убаво со путер, па посипете го со какао (само јас во последно време заборавам на какаото). во него истурете нешто повеќе од половина од смесата, па ставете од слаткото. замрзнатите капини помешајте ги со останатата смеса и истурете ја и неа во калапот. печете го куглофот во рерна загреана на 175°C, околу 50 минути, или додека не е целосно испечен, проверете со дрвена чепкалка. ако површината почне да загорува, а внатре сé уште не е испечен, покријте го лабаво со хартија за печење или фолија. оставете го малку да се олади, 10-15 минути, па лесно поминете со нож помеѓу колачот и тавчето и потоа превртете го во чинија за послужување.

* јас во колачот ставав домашни слатка од капини, цреши или вишни

Blackberry chocolate bundt cake | Sitno seckano

куглофот е вкусен и без прелив, ама ако сакате да биде посвечен и почоколаден, овој прелив брзо се прави и е многу вкусен.

за чоколадниот прелив

85 g слатка павлака

100 г темно чоколадо, искршено на коцки

45 г путер, на коцки

ставете ги чоколадото и слатката павлака во огноотпорен сад, па врз друг сад со вода која полека врие и мешајте додека чоколадото не е скоро целосно стопено (или загрејте ги на 10-20 секунди во микробранова). тргнете го садот од пареа и мешајте додека чоколадото не се стопи целосно и не се измеша убаво со слатката павлака, а потоа додајте го путерот и повторно мешајте додека сé не се поврзе.

ако сметате дека преливот не е сладок, додајте лажица шеќер во прав. јас го сакам без шеќер.

пред да ја премачкате со прелив, најдобро е тортата да е целосно оладена, а преливот млак и сé уште течен.

Blackberry chocolate bundt cake | Sitno seckano

Чоколадниот куглоф направен со вишни / The cake made with sour cherries

this chocolate blackberry bundt cake is seriously taking the place of my usual chocolate cake, that i make for every birthday. this time it’s the 9th birthday of this blog, which was in march, but we couldn’t “celebratе” it properly until now.

the written version of the cake is with blackberries, but i also made it with cherries and sour cherries and everyone agrees that the sour cherries make the most delicious and fresh cake.

Chocolate blackberry bundt cake | Sitno seckano

170 g dark chocolate, broken in smaller pieces (i use chocolate with 70% and 85% cocoa)

¾ cup cocoa powder

1 instant coffee granules

¾ cup hot water

160 ml sunflower oil

5 eggs

1 cup kefir (or sour cream, jogurt…)

1 ½ brown sugar (or white)

1 tablespoon homemade vanilla sugar (or 1 sachet store-bought)

1 ¾ cups flour (i mix equal parts whole wheat and white type 500)

1 teaspoon baking soda

2 – 3 tablespoons blackberry preserve (or cherry, sour cherry…)*

250 g blackberries, cherries or sour cherries (fresh or frozen, unthawed)

put the chocolate, cocoa powder and coffee in a large bowl and pour hot water over them. stir until the chocolate melts. leave to cool a little, then add oil, eggs, kefir, sugar, vanilla, flour and baking soda and mix with an electric mixer.

butter a large bundt pan (2,5-3 l), making sure to reach every nook, then sprinkle with cocoa powder (recently i keep forgetting to sprinkle with cocoa). pour a little more than half of the batter and put dollops of blackberry preserve. stir the fresh or frozen blackberries into the remaining batter and pour in the bundt pan. bake in an oven preheated at 175°C, for about 50 minutes, or until a toothpick from the center comes out clean. if the top starts to burn before it is done in the middle, cover loosely with baking paper or foil. leave to cool for about 10-15 minutes, then run a knife between the cake and the pan and invert on a serving plate.

* i used homemade blackberry, cherry and sour cherry preserves.

Chocolate blackberry bundt cake | Sitno seckano

the cake is delicious on it’s own, but if you like to make it more presentable and more chocolaty, this chocolate frosting is easy and quick to make.

chocolate frosting

85 g cream

100 г dark chocolate, broken in smaller pieces

45 г butter, cubed

heat the chocolate and cream in a double boiler, or put in the microwave for 10-20 seconds. stir until most of the chocolate is melted, then remove from heat and stir until completely melted and thoroughly mixed. add the butter and stir again until melted and incorporated.

you can add a tablespoon of confectioner’s sugar if you find the frosting not sweet enough.

let the cake to cool completely before frosting. it’s best if the frosting is still lukewarm and pourable when you frost the cake.

 

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Чизкејк за двајца / Cheesecake for two
next post: Запечена киноа / Quinoa bake

Leave a Reply