првата половина од февруари е вистинско време за чоколадни рецепти. не успеав да го фатам тој воз. барем го фаќам мартовскиов. лани рецептот за овој чизкејк се појави на страниците на арт кујна, а сега еве го и тука.
го направив овој чизкејк врз основа на обичниот.
За основата:
200 g мелени бисквити
1 лажица цимет
2 лажици какао во прав
80 g стопен путер
За филот (користам шолја од 250 ml):
400 g маскарпоне
1 шолја кисела павлака
1 шолја слатка павлака (неутрална, без шеќер)
3 јајца
3 лажици брашно
1 шолја шеќер
1 лажица инстант кафе
2 лажици какао во прав
100 g темно чоколадо, стопено и малку оладено
Јас обично ги дробам бисквитите со толчник, а секако може и да се сомелат.
Помешајте ги бисквитите со циметот, какаото и стопениот путер и притиснете ги на дното и малку по страните на тавче со пречник од околу 22 cm. Ставете го тестото да се пече околу 6–7 минути во рерна загреана на 170°C.
Додека тестото се пече, изматете ги со миксер состојките за филот, прво маскарпонето со киселата и слатката павлака, па потоа и другите состојки, стопеното и оладено чоколадо се додава на крај. Кога тестото малку ќе се подолади ставете го филот врз тестото, а тавчето со чизкејк ставете го во поголемо тавче. Ставете ги двете тавчиња во рерна, сé уште загреана на 170°C, и истурете жешка вода во поголемото тавче, до половина од висината на помалото тавче. Печето го чизкејкот 40–60 минути, во зависност од рерната. Кога е готово во средината треба да е полуцврсто, не целосно испечено. Почекајте да се олади, па ставете го чизкејкот во фрижидер да отстои неколку часа пред да го послужите.
.
next post: Пита со крем, банани и шлаг со портокал / Banana cream pie with orange meringue