Pita bread with roasted vegetables | Sitno seckano

обично, кога правам пица, правам голема количина тесто и тоа што ќе остане неискористено за пица го користам за други работи следните денови. овој пат направив лепињи.

Pita bread with roasted vegetables | Sitno seckano

се прават слично како наан лепчиња.

Pita bread with roasted vegetables | Sitno seckano

поделете го тестото на делови и исукајте го секое парче во круг кој ќе го собере во тавчето. загрејте го тавчето со малку масло или путер на средно јако, ставете во него едно исукано тесто и оставете го додека не се зарумени, па завртете го и испечете го и од другата страна. внимавајте, многу брзо се готови, за минута или помалку. додека едно лепче се пече, исукајте го следното парче тесто. послужете ги лепињите топли.

зеленчуците (модри патлиџани, тиквици, пиперки…) исечете ги на тенки кришки, наредете ги во големо тавче без да се поклопуваат и зачинете ги со вашиот омилен зачин. јас овие ги наредив врз хартија за печење, ги премачкав со малку маслиново масло и ги посипав со сол, свежо мелен бибер и заатр. печете ги во рерна загреана на 200°C околу 15 – 20 минути.

намачкајте ги лепињите со кисела павлака, наполнете ги со печени и свежи зеленчуци и тревки и имате прекрасен летен ручек.

Pita bread with roasted vegetables | Sitno seckano

usually, when i make pizza, i make more dough than i need for pizza and i use it for different things the next days. this time i made pita breads with it.

the process is like with naan bread.

divide the dough and roll each piece to fit in the pan. heat a little oil or butter in a pan on high and put one rolled piece to cook until golden. flip the pita and cook the other side. roll the next piece of dough while one is cooking. stay close, they are cooked quickly, in less than a minute. serve warm.

Roasted vegetables in pita bread | Sitno seckano

slice the vegetables (eggplant, zucchini, peppers…) thin, arrange on a baking sheet without overlapping and sprinkle with your favorite spices. i put the vegetables on a parchment paper, brushed them with a little olive oil and sprinkled with salt, freshly grated black pepper and za’atar. roast in an oven preheated at 200°C around 15 – 20 minutes.

spread some sour cream on a pita bread, fill with roasted and raw vegetables and herbs and there you have a delicious summer lunch.

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Колаче со праски / Peach cake
next post: Сладолед од праски / Peach ice cream

Leave a Reply